Background

Над 14.000 обврзници добиле пораки за пријавување ДДВ за последниот квартал

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ-04 пријава, информираат од УЈП по реакциите дека поради технички проблеми во функционирањето на системите на УЈП, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период.

- Advertisement -
Ad image

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите не биле забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

Во таа насока, како што велат, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истекот на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од нивна страна објавено е соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 23.1.2026 година со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ-пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.

Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188 .

„Проследени се и превентивни пораки преку електронската пошта info@ujp.gov.mk на 22.1.2026 година до 2.534 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.12.2025 – 31.12.2025 година, како и на 23.1.2026 година до 11.967 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.10.2025 – 31.12. 2025 година“, посочуваат од УЈП.

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите во согласност со кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

„За тоа е објавено соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 26.1.2026 година со укажување дека поднесувањето голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави“.

Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1189 .

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation