Над 1.100 санкции, возеле брзо, без возачка и под дејство на алкохол

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според извештајот од редовните сообраќајни контроли реализирани на 26 и 27 јули, најдраматични се бројките за возачите кои зад воланот седнале без да поседуваат возачка дозвола, дури 128 такви случаи биле санкционирани. Исто толку сериозна е и бројката од 115 возачи кои биле фатени под дејство на алкохол. Сите тие веднаш биле исклучени од сообраќај.

Безбедноста ја загрозиле и 46 моторциклисти кои биле фатени без заштитен шлем, што дополнително го зголемува ризикот на патиштата.

Непочитувањето на пропишаната брзина сè уште останува еден од најчестите прекршоци, дури 458 казни биле изречени само за ова. За неправилно паркирање, санкции добиле 175 лица. Дополнително, биле казнети и 28 возачи кои не користеле сигурносен појас, како и 17 кои управувале возило и зборувале на мобилен телефон.

Полицијата евидентирала и потешки прекршоци, тројца возачи поминале на црвено светло, додека двајца пешаци и тројца возачи на електрични тротинети исто така се нашле на листата на прекршители.

Според Законот за возила, полицијата отстранила 31 нерегистрирано возило од сообраќај, а дополнително исклучила три поради техничка неисправност.

Министерството за внатрешни работи најави дека засилените контроли ќе продолжат и во следните денови и упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Share This Article