Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека реципрочните царини, што ќе ги објави оваа недела, ќе ги опфатат сите земји, а не само помала група од 10 до 15 земји со кои САД имаат најголем трговски дисбаланс, објави Си-Ен-Би-Си.
Трамп вети дека в среда ќе го претстави сеопфатниот план, нарекувајќи го „Ден на ослободувањето“. Тој претходно воведе царини за алуминиум, челик и автомобили, а ги зголеми и царините за увоз на сите стоки од Кина.
Претседателот на САД ги гледа царините како начин да се заштити домашната економија од нелојална глобална конкуренција и како преговарачка алатка за подобри услови за САД. Сепак, загриженоста за трговската војна ги затресува финансиските и стоковите пазари и ги зголемува стравувањата од рецесија во САД.
Во последните неколку недели, цените на акциите на Волстрит и на другите големи светски берзи драстично падна поради неизвесноста околу овие царини и поради стравувањата од ескалација на трговската војна, бидејќи голем број земји, вклучувајќи ги Кина, Канада и ЕУ, најавија контрамерки, објави Њујорк тајмс.