Од почетокот на мандатот како министер за економија барам да дојде Државната ревизија и да изврши целосна ревизија на функционирањето на Министерството за економија, за да се констатира што е наследено од минатото, рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, одговарајќи прашање од Талат Џафери на седницата за пратенички прашања.
Дурмиши рече дека иницирал и внатрешна ревизија за функционирањето на институцијата.
Во врска со прашањето за добивање лиценца, министерот Дурмиши рече дека детално ја објаснил целата процедура.
– Објаснив дека Министерството за економија нема законска надлежност и механизам да проверува дали објектот има лиценца или не, а уште помалку да утврди дали е фалсификувана или не – рече Дурмиши.
Одговарајќи на обвинувањата на пратеникот Џафери, министерот Дурмиши истакна дека нападите не се за барање вистина, туку се обиди за политички поени во овие моменти.
– Знам дека сакате да оставите впечаток дека ја барате вистината. Но, сакам јасно да ви кажам – вас и вашата партија не ве интересира вистината. Ве интересира како да ја искористите секоја ситуација, за да направите врева и да стекнете некаква политичка предност во моментот. Ова не е нешто ново за граѓаните, тие веќе се навикнати на вас – нагласи министерот Дурмиши.
Тој понатаму им се обрати на Џафери и на другите претставници на ДУИ дека е цинично да бараат одговорност, знаејќи дека во нивно време се случија сериозни скандали како што се случите „Дурмо турс“, „Беса транс“, пожарот за модуларната болница во Тетово.
– И за ниту еден од овие случаи никој не одговараше пред органите на правдата. За разлика од тие случаи, сега првпат 34 лица се соочуваат со правдата за една трагедија што се случи – рече Дурмиши.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
