На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција.

Полициски службеници од ОВР Прилеп, кои со радар мереле брзина на возила, забележале дека 40-годишниот Н.Ц. од село Кошино, општина Долнени, управувал „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки со 104 километри на час, повеќе од двојно повеќе од дозволената брзина во населено место.
По документирање на случајот, против Н.Ц. ќе следува пријава по член 297 од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е огромна. Само во првите четири дена во ноември 5 луѓе го загубија животот во сообраќајки.

Share This Article