На територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 3 под контрола, а 17 се веќе изгаснати, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи заклучно со 29 јули до пладне.
Ситуацијата е особено тешка на терените кај селото Нивичино, каде планинските падини на Голем Готен и делови од Малешевските Планини се зафатени од огнена стихија која проголтува нискостеблеста шума, грмушки и смреки. Во Прилепско, кај селото Бешиште, пожарот полека се шири кон село Градешница и дури кон границата со Грција. Таму пожарникарите не можат да интервенираат поради присуство на стари детонации, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Над Прилеп и Кавадарци се бори со уште една огнена закана – пламенот се движи меѓу неколку села и гори мешана шума и ниска вегетација. Во општина Македонски Брод се гори деградирана дабова шума и грмушки помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа.
На исток, борова шума кај селото Ќосевица во Македонска Каменица гори со засилена сила, додека во Чашка, кај селото Ореше, пожарот фаќа и букова шума. Во Кичевско, пламените јазици повторно се активни кај селото Горно Црско.
Иако состојбата е алармантна, три пожари се ставени под контрола. Во селото Грешница, кај Македонски Брод, како и во околината на Штип меѓу селата Драгоево и Селце, каде теренот е покриен со сува трева и нискостеблеста шума. Во Карбинци, кај селото Јунузлија, исто така пожарот е спречен од понатамошно ширење.
Добра вест е што 17 пожари се изгаснати, меѓу кои оние кај Битола, Куманово, Тетово, Охрид и Ресен. Особено драматична беше ситуацијата кај селата Облавце и Довезенце, каде пожарот се прошири кон Димонце и Коњух, загрозувајќи и куќи. Во некои случаи, причината била човечка небрежност, но во други се сомнева на намерно палење.
Иако дел од огновите се локализирани, надлежните предупредуваат дека опасноста не е мината. Температурите, иако во опаѓање, сè уште се погодни за развој на нови пожари. Апелот до граѓаните е јасен – не палат оган на отворено и пријавуваат секој сомнителен чад.