На „Табановце“ за 2 дена влегле 133.000 граѓани, на „Богородица“ излегле 38.000 патници

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екот на туристичката сезона, продолжениот викенд и враќањето во родниот крај на македонските државјани кои работат во странство ги оптовари граничните премини.

Днешните податоци од Министерството за внатрешни работи за преминување на државната граница покажуваат дека на граничниот премин „Табановце“, од 1 август до денеска до 10 часот наутро вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица.

На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10 часот до денеска, до 10 часот влез во државата оствариле 52,399 македонски државјани, а излез оствариле 27,690 македонски државјани.

Во однос на странските државјани, во истиот период влез во нашата земја забележале 80,766, а ја напуштиле 45,950, известуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Оттаму наведуваат дека се мобилизирани сите човечки и технички ресурси со цел да се забрза движењето на патници, преку спроведување на неопходните гранични контроли.

Зголемен обем на сообраќај е регистриран и на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Во истиот период (01.08.2025 од 10 часот до 03.08.2025 до 10 часот) влез оствариле 29,959 патници, додека излез оствариле 37,806 патници.

„Влез во државата оствариле 11,472 македонски државјани, а излез оствариле 16,011 македонски државјани“, информира МВР.

Во врска со странските државјани, во истиот временски период влез во нашата држава реализирале 18,487, а ја напуштиле 21,795, информираше МВР.

И на овој премин, Министерството ги презема сите неопходни мерки и се ставени во употреба сите човечки и технички капацитети со цел да се олесни преминот на патници, со вршење на задолжителните гранични проверки.

МВР и останатите надлежни служби постојано ги потсетуваат возачите да бидат претпазливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да возат одморени, да одмораат, да надополнуваат течности и безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација.

Share This Article