Топ Вести - Слушај сега
Утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово, соопшти УХМР.
До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија.
Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, 8 во Битола, 4 во Крушево, 3 во Прилеп, Претор и Ѓуриште, 2 во Тетово, како и 1 сантиметар во Штип и Демир Капија.
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа имало наврнале во Битола, седум литри на метар квадратен, 5 во Маврови Анови, 3 во Тетово, Крушево и Пожаране, 2 во Прилеп и Охрид, како и 1 во Демир Капија.
Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 см, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Онаму каде што паѓа снег континуирано се чисти со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт.
Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта.
Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.
– Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот – велат од Јп Македонијапат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
