Топ Вести - Слушај сега
Инфлуенсерската сцена е завиена во црно по смртта на италијанскиот креатор на содржини Дамијано Алберти во 24-тата година од животот, кој храбро ја споделуваше својата борба со сериозната болест во последните три години.
Неговото семејство ја потврди тажната вест преку неговиот Инстаграм профил.
Во кратка и емотивна објава, тие напишаа: „Дамиано е ослободен од сè што проживеа. Дел од нас одлета засекогаш“.
Алберти беше познат како лајфстајл инфлуенсер, а првпат ја сподели својата дијагноза за малиген тумор на ногата со своите следбеници во мај 2023 година.
Од самиот почеток, тој беше исклучително отворен за своето здравје, редовно споделувајќи детали за својот третман и документирајќи го своето искуство во борбата против болеста.
Една година по дијагнозата, тој објави емотивно видео на YouTube насловено како „365 дена подоцна – Приказната за мојата болест“, во кое зборуваше за хемотерапијата и сè низ што поминал. Неговата искреност и храброст инспирираа многу следбеници.
Пред пет месеци, Дамијано објави привремена пауза во креирањето содржини поради нова хоспитализација.
– За жал, морам да ја објавам оваа порака бидејќи ќе бидам хоспитализиран во наредните денови и нема да можам да правам преноси во живо, што го правам со многу труд и посветеност во последно време – напиша тој на Инстаграм во тоа време. Тој нагласи дека паузата била принудна и дека едвај чека да се врати на креирањето содржини.
Неколку дена подоцна, тој ја сподели веста.
– Никогаш не е лесно да се помине низ моменти како оние од изминатата недела и никогаш не се навикнуваш на тоа. Но, тоа е исто така дел од мојот живот и мора да го прифатaм – напиша тој.
Им се заблагодари на сите за поддршката и рече дека е време повторно да се продолжи напред.
Дамиано имаше околу 12.000 следбеници на Инстаграм, а по веста за неговата смрт, социјалните медиуми беа преплавени со пораки на тага.
„Ова ме растажува толку многу, би сакал да не е вистина“, напиша еден следбеник, додека друг додаде: „Многу ме научи, брате.“
Последната фотографија што ја објави го прикажува во Лондон, како пие кафе во движење. Насловот гласеше: „Лондон помеѓу родендени, љубов и пребукираност.“
Неговата искреност, оптимизам и сила за време на борбата со болеста ќе останат трајна инспирација за сите што го следеа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
