„Елиот инвестмент менаџмент“, американска фирма за управување со инвестиции, е во рани разговори со „Булгартрансгаз“ за купување удел во пакет инфраструктурни средства што го вклучува и бугарското продолжување на гасоводот Турски тек, пишува „Волстрит џурнал“.
Гасоводот е последната голема рута за извоз на руски природен гас во Европа, а потецнијалниот договор, сметаат некои експерти, може да ја продолжи зависноста на Европа од руските енергенси.
Од друга страна, бугарските власти се надеваат дека ова ќе го заштити гасоводот од идните санкции. Гасоводот снабдува околу 19% од увозот на гас во Европа, што е намалување од 45% пред 2022 година.
Унијата сака целосно да го прекине увозот на рускиот природен гас до 2027 година.