Топ Вести - Слушај сега
На пленарна седница во Собранието ќе биде усвоена законска измена со која се продолжува примената на повластената стапка од 5 отсто ДДВ при прво купување стан, најави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска.
Со измената на Законот за данокот на додадена вредност, повластената стапка ќе продолжи да важи до декември 2028 година и ќе се применува при прв промет на станбени згради и станови што се користат исклучиво за домување.
Според Димитровска, оваа мерка има директно и конкретно влијание врз животниот стандард на граѓаните, бидејќи спречува дополнителен ценовен притисок на веќе скапиот пазар на недвижности.
– За стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, во зависност од купопродажната цена. Тоа е сериозна и реална поддршка, а не декларативна политика – рече Димитровска.
Таа потсети дека според досегашното законско решение било предвидено зголемување на ДДВ од 5 на 18 проценти од јануари 2026 година, што, како што оцени, неминовно ќе доведело до ново поскапување на становите.
Во услови кога цените на недвижностите веќе се високи, а голем број граѓани, особено млади семејства, тешко доаѓаат до сопствен дом, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднеле оваа законска измена со цел да се спречи дополнителен простор за поскапување од страна на инвеститорите.
– Суштината на работата на пратениците во Собранието е носење законски решенија кои реално го подобруваат животниот стандард на граѓаните, а ова е токму еден таков пример – додаде Димитровска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖