На ова место се слеваат казни: За краток период казнети над 3.000 возачи!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со оглед на првичните резултати, се чини дека општината нашла ефикасен метод како да ги спречи возачите кои брзо возат – а во исто време солидно да го пополни буџетот.

Во Кирхсеон, град источно од Минхен, конечно најдоа решение за возачите кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината – и на начин кој дефинитивно вреди! Новата камера за брзина, поставена на 20 декември 2023 година, на општината и донесе шестцифрена сума за само неколку дена, со што веќе и ја врати инвестицијата од 100.000 евра.

Системот за кратко време се активирал неверојатни 3.112 пати, а со оглед на тоа дека казните почнуваат од 30 евра по прекршок, не е тешко да се заклучи колку возачите се невнимателни – и колку била исплатлива оваа инвестиција. Камера го следи ограничувањето на брзината од 50 км/ч на влезот во градот, каде со години се снимаат возила кои возат брзо, пишува списанието Феникс.

„Бројките се екстремни, очекував многу прекршувања, но не толку многу“, рече градоначалникот на Кирхсеон, Јан Пеплоу (ЦСУ). Тој додаде дека камерата ќе остане активна 24 часа на ден, додека возачите конечно не почнат да го почитуваат лимитот. Со оглед на првичните резултати, се чини дека општината нашла ефикасен метод како да ги спречи возачите кои брзо возат – а во исто време солидно да го пополни буџетот.

Share This Article