Топ Вести - Слушај сега
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во Минхен призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ затоа што Европската Унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
– Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам – порачал Мерц откако дебатата ја отвори претседателот на Црна Гора на Минхенската безбедносна конференција.
Главна кочница, според него, е принципот на едногласност во Унијата. Мерц посочи дека постојаното блокирање од страна на Унгарија станало „слон во собата“. Изразил надеж дека тоа ќе се надмине.
– По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската Унија – заклучил тој.
Процесот на проширување на Западниот Балкан останува под знак прашалник.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
