Околу 1.356 GWh од домашната струја, според официјално достапните статистички податоци од 2024 година, заврши во извоз, што покажува дека балансот натрговијата е чувствителен и зависи од хидролошкитеуслови и цените на берзата.
Впрочем, Македонија за првпат се појави како извозник во 2023 година, кога поради обилен хидролошки период и новите соларни и ветерни капацитети имаше вишок од околу 840 GWh, што првпат ја претвори државата во нето‑извозник, пишува Капитал.
Сепак, државата сѐ уште најголем дел од домашното производство го добива од термоцентралите на јаглен и гас, и тоа 2.534 GWh во 2024 година и 1.366 GWh од големите хидроелектрани.
Во овој мозаик забележливо е дека секторот за обновливи извори бележи брз раст на производството, при што сончевите паркови испорачаа 270 GWh, ветерниците – 166 GWh, а биогасните постројки- 60 GWh. Малите хидроелектрани (МХЕ) додадоа околу 180 GWh, со што вкупното производство од обновливи извори сочинува 27% од целата електрична енергија во државата, а нивниот удел во инсталираната моќност веќе е 56%.
Срамежлива енергетската транзиција
Иако побавно, Македонија стабилно влегува во деценијата на забрзана енергетска транзиција во која сите облици на домашно производство – од големите хидро и термо постројки, до ветерните, соларните, биогасните и малите хидроелектроцентрали (МХЕ) – имаат своја улога.
Според податоците од МЕПСО во јуни годинава над 94% од електричната енергија потрошена во земјата беше обезбедена од домашни извори, сигнал дека инвестициите на терен даваат резултат во желбата да се намали зависноста од увоз преку диверзифициран домашен производен микс.
Термoелектраните на јаглен и гас денес ја носат базната моќност во системот и работат 24 часа, но резултираат со високи емисии на CO₂, SO₂ и други честички. Скапи се одржување бидејќи постројките се стари и дополнително, зависиме од увозно гориво и неговата ценовна волатилност.
Големите хидроелектрани се столб на нискојаглеродната базна енергија и имаат значајна улога затоа што можат за миг да го зголемат или намалат производсѕтвото на струја според потребите на конзумот. Сепак, тие се силно зависна од врнежите, а изградбата на масивни брани бара високи иницијални инвестиции.
Малите хидроелектрани – објекти под 10 MW што обично работат без акумулации – нудат стабилен, флексибилен прилив преку цела година. Но, дали ги користиме.
Колку вода има – колку струја дава
Вкупниот хидропотенцијал останува најголемиот неискористен домашен ресурс. Техничкиот потенцијал на Македонија е проценет на 5. 500 GWh годишно, а од него денес се користи едвај една третина.
Големите хидроелектрани во 2024 година заеднообезбедиле околу 1 .366 GWh, што е речиси една четвртина од вкупната домашна електрична енергија и најголемиот единечен извор на нискојаглеродна базна моќност во земјата.
Државните студии проценуваат дека реките Вaрдар и Црн Дрим носат теоретска хидроенергетска можност од околу 8 .900 GWh годишно. Од нив, технички искористливи сесамо 5. 500 GWh, но денес се експлоатираат само 1 .500 GWh, или една четвртина од расположливото количество. Вкупната инсталирана моќност на постојните хидроцентрали како „Тиквеш“, „Вруток“, „Козјак“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Света Петка“ е 580 MW, што значи дека во просек се користат 27 % од потенцијалот.
Од вкупните 1 .636 MW технички можни, само 255 MW сево мали хидролектрани. Тоа значи дека малата хидрорасположливост – која може да се гради безмасивни брани – и натаму е простор за раст.
Последната деценија донесе 23% пораст на домашнотопроизводство, во услови кога и производството од ветар и сонце, кои се силно зависни од временските услови, растат со троцифрени стапки.
Малите ХЕЦ може да произведуваат околу 1.000 GWh годишно
Денес во мрежата работат околу стотина МХЕ, а војуни 2025 година 92 вакви централи произведоа 13. 530 MWh – 43 % од струјата на сите 178 повластенипроизводители.
Но според проценка изработена од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), технички изводливиот потенцијал на малите хидроелектрани опфаќа 200 локации со вкупна инсталирана моќност од 230 MW, годишно производство од околу 990 GWh и потребна инвестиција од приближно 460 милиони евра.
За разлика од сонцето и ветерот, турбините во хидроелектраните можат моментно да го зголемат или намалат протокот за да одговорат на скоковите во побарувачката, што ја намалува потребата од скапи резервни термо‑капацитети.
Во услови кога Македонија уште увезува струја и не е искористен просторот за раст на вкупниот домашен капацитет, се доаѓа до заклучокот дека тоа не е можно без комбинација од сите технологии: модернизирани термо‑резерви, експлозивно растечки солар и ветер, ревитализирани големи хидроцентрали – и, секако, мали хидроелектрани. МХЕ носат чист киловат‑час, локални работни места и стабилност на мрежата. Во мапата на идните инвестиции тие не се алтернативна, туку нужна коцка во мозаикот на енергетската независност.