Топ Вести - Слушај сега
На крајот на третиот квартал нето надворешниот долг изнесува 4,49 милијарди евра или 27,1% од проектираниот БДП, покажуваат податоците на Народна банка.
Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година.
Во однос на крајот на 2024 година, нето надворешниот долг е намален за 45 милиони евра (или 1%), во услови на пад на нето приватниот долг (за 218 милиони евра) и раст на нето јавниот долг (за 172 милиона евра).
На крајот на третиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12,15 милијарди евра и забележа квартално намалување од 27 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 79 милиони евра и изнесуваат 7,65 милијарди евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖