На интернет се рашири видео од Меланија и Доналд Трамп, снимено во 2001 година. Тогаш сегашниот американски претседател и првата дама биле во врска три години.
Станува збор за сцена од филмот „Зуландер“ (Zoolander), со Бен Стилер во главната улога. И Доналд и Меланија Трамп имаа епизодни улоги во таа комедија. Тие се појавуваат во кратка сцена на црвениот тепих, каде Трамп го коментира главниот лик Дерек Зуландер (Бен Стилер), прикажувајќи го како модна икона.
Меланија и Доналд се запознале во 1998 година.
Во 1996 година, Меланија се пресели во Њујорк, што означи пресвртница во нејзиниот живот. Во САД, таа имаше можност да работи со престижни модни списанија, вклучувајќи ги Вог“ и „Венити фер“. Клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запозна Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.
Тие се запознале на забава за време на модната недела во Њујорк и тогаш започнала нивната врска, која набрзо ги донесе во центарот на американскиот социјален и политички живот.
„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и опуштено однесување. Имаше толку многу раздвижена активност околу нас, но неговиот фокус на нашата интеракција направи да се чувствувам како да сум во центарот на неговиот свет“, откри во една прилика првата дама на САД.
Доналд и Меланија се верија во 2004 година, а се венчаа во јануари 2005 година на церемонија во Палм Бич, Флорида. На свадбата присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон и Хилари Клинтон. Парот го доби синот Барон во 2006 година, а истата година Меланија официјално стана американска државјанка.