Background

На инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање им тече рокот за регистрирање во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), обврска од новата законска регулатива

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање им тече рокот за регистрирање во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), обврска од новата законска регулатива.

- Advertisement -
Ad image

Покрај ова, независно дали соработуваат со домашни или странски фирми и висината на приходот што го остваруваат треба да поднесат даночна пријава за персонален данок и за ДДВ доколку нивниот приход надминал 2 милиони денари во годината.

Според новата медиумска регулатива, инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање ќе треба до 15 март да се пријават во АВМУ за да влезат во регистарот по што им течат обврските за плаќање на надоместок за остарениот приход во претходнта година.

Законските правила за регистрација ги опфаќаат сите кои постираат на Инстаграм, ТикТокЈутјуб и на слични видео-платформи, имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници, објавиле најмалку 24 видеа во годината и заработуваат од тоа.

Според новата регулатива, сите кои влегуваат во оваа категорија ќе мора јасно да ги означуваат постовите, видеата, риловите или стримовите на социјалните мрежи кога им се платени реклами или спонзорства.

По регистрацијата, АВМУ ќе спроведува надзор за почитување на правилникот, а инфлуенсерите ќе плаќаат надоместок од 0,5% од својот годишен приход од претходната година. Овој извештај мора да се достави до 15 март, а плаќањето до 15 април.

Пресметките се дека за 100.000 евра годишен приход, инфлуенсерите ќе треба да платат 500 евра надоместок за АВМУ.

Тие кои нема да се регистрираат ќе плаќаат казни кои се движат меѓу 250 и 500 евра.

Иако тече рокот кој го постави Агенцијата досега, на објавениот регистар на АВМУ можат да се видат само 7 регистрирани лица.

Според актуелните закони, инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и слично, како и сите кои остваруваат доход од ангажманот подлежат на данок.

Лицата кои заработуваат на овој начин засега јавно говорат дека им се скратува слободата на говор, а со регистарот на АВМУ и обврските од Правилникот им се наметнуваат обврски кои ќе им ја намалат популарноста. За даночните обврски, засега нема реакции.

Од УЈП велат дека како и сите кои остваруваат доход така и оваа категорија граѓани мора да ги намири обврските кон државата кои произлегуваат од Законот за данокот на личен доход и Законот за данок на додадена вредност.

– Доколку физичките лица (инфлуенсери, влогери, креатори на содржини) како даватели на услуга, остваруваат доход од странство, во тој случај имаат обврска да го пресметаат и платат данокот на личен доход, односно да достават електронска пресметка преку системот е-даночни услуги. Доколку пак, овие физички лица склучуваат договор за услуги со домашна компанија, односно се исплатени од домашно правно лице, во тој случај обврската за пресметување и плаќање на данокот на личен доход е на правното лице (компанијата) – велат од УЈП.

Кога инфлуенсерите и јутуберите рекламираат производи или услуги од домашни фирми треба да склучат и договор за повремено или привремено вршење на услуги или авторски договор.

За секоја реклама треба да има договор и секој исплатувач треба да го задржи и да го плати данокот.

Данок се плаќа и за рекламирањето на компаниите кои на инфлуенсерите оваа услуга им ја плаќаат со подароци (како козметички производи, парфеми, храна, патувања, спонзорирана членарина за фитнес клубови …) бидејќи се работи за трансакција. И во овој случај фирмите имаат обврска во име и за сметка на инфлуенсерот да го пресметаат и платат персоналниот данок, додека инфлуенсерите имаат обврска да си проверат во даночната пријава дали е сè платено како што треба.

За исплатите од странство како монетизација од Јутјуб, физичките лица имаат обврска секој месец да направат аконтативна пресметка за приходите и да уплатат соодветен данок.

Што се однесува до поставувањето банери на компании или брендови, за тоа инфлуенсерите, исто како и порталите, мора да имаат финансиско покритие со направена нарачка од компанијата за конкретен период, идејно решение, фактура во која е пресметан и данок на додадена вредност.

– Кој колку данок ќе треба да плати ќе се утврдува врз основа на континуитетот и висината на остварениот приход. На пример за остварен доход од 1.000 евра инфлуенсерот ќе треба да плати 10% данок на личен доход на тие средства, односно данокот кој ќе треба да го плати е во висина на 100 евра во денарска противвредност 6.163 денари преку платформата е-даноци – велат од УЈП.

Во случај инфлуенсерите да имаат годишни приходи повисоки од 2 милиони денари (околу 32.000 евра) стануваат ДДВ обврзници и освен персоналниот данок ќе треба да платат и ДДВ на државата.

– Кога инфлуенсерите и креаторите на содржини знаат дека од своите услуги ќе остварат приходи од 2 милиони денари во текот на годината треба да се регистрираат за плаќање ДДВ во рок од 15 дена од почетокот на вршењето на услугите, со поднесување на пријава за регистрација за ДДВ. Доколку на почетокот на вршењето на услугите, не предвидуваат дека ќе остварат вкупен промет над 2.000.000 денари, тогаш физичките лица имаат обврска да се регистрираат за ДДВ кога ќе остварат вкупен промет над 2.000.000 денари со поднесување пријава за регистрација за ДДВ најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога го оствариле прометот – појаснуваат од УЈП.

Секој обид да се изиграат даночните власти е ризичен, порачуваат од Управата за јавни приходи.

– УЈП во рамки на своите надлежности преку даночни контроли или други мерки може да врши проверки дали лицата што остваруваат приходи од дигитални платформи и онлајн активности имаат уредно пријавено доход и дали ги исполнуваат обврските согласно Законот за данок на личен доход и другите релевантни прописи – велат од УЈП.

При тоа, велат оттаму, УЈП ќе врши проверки на приходи остварени од извори како што се AdSense, платени соработки, affiliate програми, донации и други форми на надомест поврзани со континуирана и комерцијална активност, како и дали лицата се регистрирани како самостојна дејност или настапуваат како физички лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation