Background

На годишна основа во август бележи пад од 3,5%

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година, но е намалено за 3,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.

Растот на индустриското производство во изминатите 8 месеци од годинава го обезбеди: преработувачката индустрија која порасна за 3,8% и рударството со раст од 0,9%. Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација забележа пад од 11,3%.

Двигатели во преработувачката индустрија е одделите: производство на производи од гума и
производи од пластични маси со раст од 80,5%, производство на електрична опрема со раст од 12,5%, производство на мебел од 13,5% и производство на останата опрема за транспорт 12,6%

- Advertisement -
Ad image

Во август годинава споредено со истиот месец лани, индустриското производство е намалено за 3,5%. Притоа  производството во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи раст од 7%, но во секторот „преработувачка индустрија“ има опаѓање за 1,4%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ намалување од 26,8%.

Најголемо влијание на намалувањето на производството во август на „преработувачка индустрија“ имаат повеќе оддели: производство на прехранбени производи за 6,1%, производство на текстил за 20,8%, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати за 11,9%, производство на метали 19,2%, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема за 30,9%, потоа на производство на машини и уреди, неспоменати на друго место за 19,3% и  производството на мебел за 7,4%.

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,7%, Капитални производи за 12%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,8%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation