На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК денска во 13.15 часот била добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко. Станува збор за планинар од Скопје кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите, информира ЦУК.
Од Центарот за управување со кризи биле известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, гранична полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Во 14 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен, Потоа граничната полиција „ЈУГ“ лицето го транспортирала до градот. Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК).
Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на општина Кавадарци,Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите, додаваат од ЦУК.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
