Background

На 34-годишна возраст ненадејно почина ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, Лена Самара, која била примена во болница и по епилептичен напад, доживеала срцев удар, а лекарите не успеале да ја вратат во живот

Доцна синоќа, на 34-годишна возраст ненадејно почина ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, Лена Самара, која била примена во болница и по епилептичен напад, доживеала срцев удар, а лекарите не успеале да ја вратат во живот, јави дописничката на МИА од Атина.

Ќерката на поранешниот премиер била примена во атинската општа болница „Сисманоглио“, од каде што била префрлена во општата болница „Евангелисмос“, бидејќи во првата не постои клиника за неврологија.

Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис преку Икс објасни дека Лена Самара била целосно и темелно прегледана со сите пропишани тестови во болницата „Сисманоглио“, каде што имало и невролог кој исто така ја прегледал. Со оглед на тоа што неврологот сметал дека е потребен понатамошен преглед, побарал девојката да биде префрлена на Невролошката клиника во „Евангелисмос“, бидејќи во првата болница нема Невролошка клиника.

- Advertisement -
Ad image

– Затоа беше префрлена во „Евангелисмос“ и од едната болница во другата беше пренесена со целосна безбедност. За жал, доживеа срцев удар во болницата – напиша Георгиадис.

Ќерката на Самарас, дипломирала на градежниот факултет во Лондон и ретко се појавувала во јавност.

Пораки со сочувство до Самарас за загубата на неговата ќерка упати целиот политички свет во Грција – премиерот и претседателот, министри од Владата, лидерите на сите опозициски партии, поранешни грчки премиери, пратеници и сл.

Андонис Самарас во периодот од 2012 до 2105 година беше премиер на Грција, а во ноември минатата година беше исклучен од владејачката Нова демократија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation