Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, Полициска станица Звездара, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија М. М. (40), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, се вели во соопштението на МВР.
Полицијата, се додава во соопштението, извршила претрес во станот и другите простории што ги користел осомничениот и пронашла и запленила околу пет килограми прашок сличен на амфетамин.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде изведен пред надлежниот виш јавен обвинител со кривична пријава.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
