Background

МВР – Извадок на дел од дневните настани, 13.03.2026

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.О.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.05.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

 ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р.(46) од с.Пресил, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“. На 22.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две рамки за пиштол и муниција.  

- Advertisement -
Ad image

 На 12/13.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Ш.(35) и Т.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 На 12.03.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од с.Романовце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 На 12.03.2026 во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.М. од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Општата болница Кавадарци. Известен бил јавен обвинител ,а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 12.03.2026 во 20:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ со ул.„11-ти Септември“ во Кичево, 43-годишниот А.М. од с.Лазоровци, кичевско, управувајќи мотоцикл со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп без знаци на живот бил донесен А.И.(20) од с. Саждево.  Според пријавеното, тој бил  удрен од струен удар, по што починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.07.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 На 12.03.2026 во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026  преку  електронска пошта   воспоставил  комуникација  со  лице   кое  се  претставило   како  директор  на  компанија  што  тргува  со  крипто валути  и   истиот  го  довел  пријавителот  во  заблуда,  при  што  му  дозволил  пристап  до  неговиот  компјутер  и  во  повеќе  наврати  му  префрлил вкупно 340.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. При обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од с.Мојанци, кој бил на своето работно место како чувар и уште две лица вдишале чад, при што од страна на Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош. За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

На 12.03.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода, 16-годишник физички нападнал друг 16-годишник, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2026 во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К.(48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.А.(29) пријави дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Т.Б.(53), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 11.03.2026 во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation