На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат повеќе гласови и повеќе градоначалници од претходните локални избори во 2021 година.
– Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред сѐ граѓаните на Македонија – оцени Муцунски.
Тој им се заблагодари на граѓаните на одѕивот, решителноста и, како што рече, континуираната желба да ја наградат работата проектите да бидат на вистинската страна.
– Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај. Некои информации кои говорат за извесни нерегуларности и обвинувања кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаме како стратегија на СДСМ и на нашите политички противници за барање алиби за изборниот пораз кој очигледно следи. Тоа е партија со многу проблеми кои во периодот што следи ќе бидат нивнио тглавен камен на сопнување. И очекувано е таа партија конечно да почне да се реформира. Но сакеме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна и тоа за нас значи одговорност која не смееме да ја изневериме – порача Муцунски.