Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Вашите деца се наши деца“ порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој заедно со министерот за здравство Арбен Таравари се во посета на повредените во две солунски болници.

– Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“ – рече Муцунски.

По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.

Министерот Муцунски додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

– Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме.

Министрите Муцунски и Таравари во Солун ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу.

За трагичното утро, Муцунски рече дека еден од првите разговори што ги имал бил со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис, додавајќи дека од Грција не само сочувство и зборови, постоеше и практична помош.

Тројца пациенти се во критична состојба, но се стабилни

– Првите пациенти кои ја напуштија нашата земја беа оние кои дојдоа тука во Солун. Градот кој е блиску до нас од многу причини и кој се надевам дека нема повторно да биде блиску до нас од овие причини – рече министерот.

- Advertisement -
Ad image

Муцунски потсети дека освен во Солун и во Атина се хоспитализирани повредени лица, кои синоќа беа пренесени со авион на грчкото воено воздухопловство, а паралелно се осврна и на помошта и од други земји.

Двете девојки и момчето, кои се хоспитализирани, се на возраст од 19, 25 и од 26 години, се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница, Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни дека тројцата пациенти имаат од 15 до 25% изгореници на телото за што двајца од пациентите денеска по втор пат ќе бидат оперирани, а во следните денови и третото поведено лице, но истакна дека она што е посериозно е тоа што вдишале чад.

- Advertisement -
Ad image

– Тројцата се во критична состојба. Не можеме да кажеме дека ја имаат избегнато опасноста бидејќи иако имаат изгореници, главно на лицето и на рацете, исто така вдишале и чад, очигледно долго време останале во просторот каде што се случила несреќата, па имаат изгореници при вдишување, односно оштетување на белите дробови и на дишните патишта, што е она што можеби ќе ги отежне состојбата и текот на нивното здравје, што најверојатно ќе биде долгорочно. Правиме сè што можеме, имаме капацитети, ја имаме поддршката од целиот персонал во болницата да можеме да го направиме најдоброто за овие млади пациенти – објасни директорката на Одделот за изгореници.

Тројцата пациенти се наоѓаат на интензивна нега, приклучени на апарати.

Во Солун беа пренесени уште двајца повредени, хоспитализирани во Воената болница 424.

Муцунски и Таравари од болницата „Папаниколау“, каде што се хоспитализирани три лица, заминаа за воената болница во Солун, каде се лекуваат други двајца повредени, сите со тешки изгореници.

Share This Article