Топ Вести - Слушај сега
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија почнува со сет на активности коишто ќе бидат насочени кон интензивирање на трговската соработка, привлекување на странски инвеститори и зголемување на извозот. Веќе во првата половина од годинава планирана е посета на Мароко и Саудиска Арабија како земји кои имаат сериозен потенцијал за соработка.
Целта е за време на дел од посетите на државниот врв надвор од државата да бидат присутни и претставници на деловната заедница кои ќе имаат можност за директни средби и воспоставување на контакти за соработка со компании од други држави.
– Во текот на 2026 година имаме намера да отпочнеме со организација на т.н. трговски мисии, односно посети каде Претседателката на државата, Претседателот на Владата и јас како министер за надворешни работи во одредени таргетирани земји да носиме претставници на деловната заедница. Веќе имаме во план во првата половина од годинава да го посетиме Мароко и Саудиска Арабија каде има сериозен потенцијал, но, со нас да дојдат и претставници на деловната заедница за да ја има таа Б2Б компонента. Исто така, планираме и дополнителен сет на услуги насочен кон привлекување на нови инвeститори кои ние како Министерство ќе го нудиме – изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пред денешната прва средба со „Македонија 2025“.
Во текот на неделава планирани се вакви средби и со стопанските комори и со поголемите деловни заедници во земјава.
Од „Македонија 2025“ ја поздравуваат ваквата иницијатива на Министерството нагласувајќи дека извозот е клучна компонента за економскиот раст на државата.
– Треба да се зголеми бројот на компании кои извезуваат, но и тие кои веќе се успешни извозни компании да имаат поддршка да остварат подобри извозни активности. Насоката треба да бидат производи и висококвалификувани услуги со зголемена додадена вредност која на крајот ќе ефектуира со зголемен економски раст – изјави Васко Кроневски, заменик претседател и член на Бордот на „Македонија 2025“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
