Мостот што ги поврзува регионите Ава и Сагаинг во Мјанмар се урна по силниот земјотрес што го погоди централниот дел на земјата.
Снимката покажува делови од Стариот мост во Сагаинг како паѓаат во реката Иравади.
Во главниот град на Мјанмар, Најпидау, патиштата беа деформирани од потресите, додека делови од таваните паднаа од зградите, пренесоа француските медиуми.
Земјотресот беше почувствуван и во северниот и во централниот дел на Тајланд, особено во Бангкок, каде стотици луѓе излегоа на улиците, многумина во паника.
Во Бангкок, суспендирани се и некои линии на метрото. Тајландскиот премиер Фетонгтарн Шинаватра свика итен состанок.
Земјотресите се релативно чести во Мјанмар, каде што неколку земјотреси со јачина од седум степени според Рихтеровата скала или повисоки се случиле помеѓу 1930 и 1956 година, во близина на раседот Сагаинг, кој поминува од север кон југ низ централниот дел на земјата.