Москва синоќа соборила 85 украински дронови

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Огромен пламен ја облеа една од најголемите руски рафинерии НОРСИ во градот Кстово, по масовен напад со дронови што ја потресе Русија. Во ноќниот напад, украински беспилотни летала го погодија срцето на руската енергетска инфраструктура и предизвикаа серија пожари и прекини на струја низ повеќе региони, јави хрватски Индекс повикувајќи се на Киев Пост.

Меѓу најпогодените беа областите Волгоград, Курск и Башкортостан. Во градот Фролово, делови од населението останаа без електрична енергија по ударот врз трафостаницата Фроловскаја. Гувернерот Андреј Бочаров потврди дека пожарот го предизвикале остатоци од соборен дрон.

Истовремено, во Курск повеќе од 16.000 потрошувачи останале во мрак, а гувернерот Александар Хинштејн го нарече нападот „непријателски чин“.

 

 

Понатаму, на истокот во Башкортостан, две летала погодиле петрохемиска фабрика во Стерлитамак. Според гувернерот Радиј Хабиров, беспилотните летала биле соборени, но нивните остатоци оштетиле објекти за прочистување вода. Среќна околност е што нема загинати.

Во Нижњеновгородската област, експлозијата и пожарот го зафатија индустрискиот комплекс со рафинеријата Лукоил–Нижегороднафтооргсинтез (НОРСИ), една од најголемите во Русија со капацитет од 17 милиони тони годишно. Истата фабрика била цел и во напад од 16 октомври, потсетуваат локалните медиуми.

Руското Министерство за одбрана објави дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала 85 дронови во осум региони.

Поради нападите, неколку аеродроми во Волгоград, Казан, Самара и други градови го прекинале сообраќајот. Засега нема официјален коментар од Киев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article