Москва ќе остане закана за ЕУ и по договорен мир?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите.

– Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне – рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Писториус нагласи дека затоа е неопходно членките на НАТО повеќе и побрзо да инвестираат во својата одбрана и безбедност.

Писториус додаде дека ќе беше подобро САД да нè направеа отстапки за Русија уште пред да започнат преговорите, мислејќи на прашањето за членството на Украина во НАТО и можните територијални загуби. Тој, исто така, предупреди дека брзото постигнување мировен договор нема нужно да ги отстрани сите грижи за сè поагресивната политика на Русија во регионот и нагласи дека Европејците нема да можат да си дозволат „да седат и да се релаксираат“.

Тој рече дека ако Путин е навистина сериозен за мировните преговори, иако се сомнева во тоа, треба да го покаже тоа со запирање на нападите врз Украина. Тој нагласи дека Европа мора да биде вклучена во какви било преговори, особено ако Трамп очекува европските сојузници да играат мировна улога во идните договори, како што предложи американскиот министер за одбрана Хегсет.
Повеќе европски дипломати денеска во заедничко соопштение упатија порака дека ЕУ и Украина мора да бидат вклучени во преговорите. Нивната реакција доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е можно да се сретне со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили рече дека нема преговори за Украина без Украина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја повтори пораката дека ЕУ и Украина мора да бидат вклучени.

Доскорешниот германски канцелар Олаф Шолц во интервју за „Политико“ изјави дека не смее да има наметнат мир во Украина, а какво било решение на конфликтот таму мора да ги вклучи САД.

– Целосно ми е јасно дека не смее да има решение кое не ги вклучува САД. Следната задача е да се обезбеди дека нема да има наметнат мир – рече Шолц.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article