Топ Вести - Слушај сега
Морето се искачи за 0,5 до 1 метар и за неколку минути ги покри шеталиштата во населбата Каламарија во Солун во понеделникот попладне. Снимката покажува како водата навлезе во деловни простории, паркинзи и крајбрежни патишта, без силен ветер и без дожд.
Некои сведоци велат дека водата „го преминала брегот“ за само неколку минути.
Покачувањето предизвикало краткорочен сообраќаен хаос. Нема официјална проценка на штетата, но општината веќе побара прогласување вонредна состојба.
Силни врнежи ги погодија и островите Лезбос и Хиос. Жителите внимателно ги следат предупредувањата. Локалните власти апелираат на претпазливост поради можни нови нестабилности.
Островот Крф беше погоден од силна бура. Грчката ЕРТ објави дека ветровите оштетиле покриви, собориле дрвја и предизвикале прекини на струја.
На една од снимките омже да се види како се отворила калдрмата.
Торнадо однесе киоск и ќерамиди од куќи и деловни објекти. Пожарникарите и цивилната заштита интервенираа во северниот дел на островот.
Во Кавададес, дрво паднало врз кабли и предизвикало затемнување. Во Периволи, сличен инцидент оставил дел од населението без струја 2 часа.
Крајбрежниот пат бил затворен неколку часа. Морето се излеало врз коловозот. Летовите кон аеродромот „Јоанис Каподистријас“ се пренасочувале поради облаци од бура.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
