Mомче добило тешки телесни повреди откако било нападнато со дрвен предмет во насилна пресметка кај кавадаречкото село Марена, едно . Напаѓачот, 40-годишниот Р.А. од истото село, бил веднаш приведен од полициските службеници, јави СВР Велес.
Според соопштението од полицијата, инцидентот се случил во местото викано Краиште, каде се скарале две групи жители на селото. Од една страна биле тројца млади мажи на возраст од 21, 19 години и еден малолетник, а од другата страна Р.А. и неговата 38-годишна сопруга Ш.А. Во пресметката, Р.А. го удрил 21-годишниот А.А. со дрвен предмет и му нанел повреди кои биле потврдени во Општата болница во Кавадарци.
Притоа, предметот бил пронајден и одземен, а Р.А. бил задржан во полициската станица
Малку порано истиот ден, во 16:40 часот, било пријавено и дека во село Криволак, 52-годишен маж физички нападнал 18-годишна девојка од Прилеп.
„По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од СВР Велес.



























