Молкот на УЈП и Финансиска полиција — Скандалозно избегнување контрола на „Охрид Трчат”

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем број прашања се наметнуваат во врска со работењето на невладината организација „Охрид Трчат” и необјаснивото отсуство на надзор од страна на релевантните државни институции.
Зошто Управата за јавни приходи и финансиската полиција на Северна Македонија систематски одбегнуваат да спроведат финансиска контрола на работењето на оваа организација од нејзиното основање? Ваквото запрепастувачко отсуство на контрола отвора сериозни сомнежи за можни финансиски неправилности и потенцијални законски прекршувања.
Дополнително, загрижува фактот што овие институции упорно не постапуваат по иницијативата „ДОПРЕН Глас”, што само ги зголемува сомнежите за селективна примена на законите и можна заштита на одредени организации од страна на државните органи.
Скандалозна е ситуацијата со над 30 професори и наставници од основните и средните училишта во Охрид, кои три работни дена поминале на Белградскиот маратон. Кој дозволил вакво масовно отсуство на образовниот кадар во време на настава, и тоа за учество на спортски настан во странство?
Министерството за наука и образование и просветниот инспекторат остануваат неми пред овие флагрантни прекршувања на работната дисциплина. Нивното молчење само ја поттикнува културата на неодговорност и непочитување на законските норми.
Овие алармантни пропусти бараат итни одговори и преземање конкретни мерки од страна на надлежните државни органи, со цел враќање на довербата на граѓаните во институциите и системот на контрола.

Сашо Денесовски

Share This Article