Background

Многу познати лица, „ужасни“ услови и високо ниво на насилство меѓу затворениците

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е префрлен од луксуз во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, каде што условите се опишуваат како „ужасни“, објавува Cи-Ен-Ен.

- Advertisement -
Ad image

Покрај Мадуро, во овој затвор се наоѓаат и пејачот Р. Кели, музичарот Шон „Диди“ Комбс, соучесничката на Џефри Епштајн – Џилијан Максвел, како и поранешниот крипто-магнат Сем Бенкман-Фрид. Метрополитен притворниот центар е познат по хроничниот недостаток на персонал, насилството меѓу затворениците и честите прекини на електричната енергија, а Мадуро таму ќе се соочи со обвиненија за нарко-тероризам.

– За човек кој живеел во луксуз, ова сигурно ќе биде голема промена во животниот стил… на место кое долго време е критикувано како нестандарден затворски објект – изјави Џон Милер, главен аналитичар за спроведување на законот и разузнавање на Си-Ен-Ен.

Според Милер, Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес веројатно ќе бидат класифицирани како притвореници со „специјални административни мерки“, ќе бидат под високо обезбедување и можно е да бидат држени изолирано еден од друг.

Објектот, изграден во 1990-тите со цел да се намали пренатрупаноста во затворите, и претходно бил место каде што пред судењата биле сместени низа звучни имиња, меѓу кои Р. Кели, Џилијан Максвел, Сем Бенкман-Фрид, Шон „Диди“ Комбс и водачот на нарко-картелот Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија.

– Многу е тешко место да се биде затвореник – изјави адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, пред судот кон крајот на 2024 година, додавајќи дека неговиот клиент ќе има сериозни потешкотии во подготовката за судење доколку остане во овој објект.

 

 

Насилство, прекини на струја и нехигиенски услови

Според Cи-Ен-Ен, насилството е постојана закана во притворниот центар. Еден затвореник бил избоден до смрт во јуни 2024 година, додека друг бил смртно повреден во тепачка еден месец подоцна.

Проблем претставуваат и прекините на електричната енергија. Во 2019 година затворот бил во речиси целосен мрак цела недела, и тоа за време на екстремно ниски температури.

Министерството за правда тогаш отвори истрага, која резултираше со спогодба од 10 милиони долари за околу 1.600 затвореници погодени од прекинот на струјата.

Познато е кога Мадуро ќе се појави пред судија во Њујорк

Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во притворска единица во Бруклин, Њујорк, каде што венецуелскиот претседател ќе се соочи со обвиненија за наркотероризам.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, ќе се појават пред судија утре, изјави портпарол на судот во Њујорк.

Нивното сослушување е закажано за 12 часот по локално време.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро моментално е во притвор во Њујорк, како и неговата сопруга, Силија Флорес.

Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја овласти потпретседателката Делси Родригез, која исто така е поддржана од војската, привремено да ја води земјата.

Според првичните извештаи, најмалку 40 лица беа убиени во напад во Венецуела во саботата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation