Младоженец од Хрватска, неговиот брат кој бил на прагот од свадба и нивен пријател од Солин се тројцата планинари кои загинаа на Јулијските Алпи

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Младоженец од Хрватска, неговиот брат кој бил на прагот од свадба и нивен пријател од Солин се тројцата планинари кои загинаа на Јулијските Алпи. Весникот „Слободна Далмација“ не ги откри нивните иницијали, но ја сподели тажната приказна, за, како што се вели, браќата од Каштел.

Се смета дека едниот од браќата бил на 32, додека другиот на 26 години. „Лавината им ја заледи среќата“, пишува весникот истакнувајќи дека оженетиот брат имал свадба само пред неколку месеци. Нивната фамилија во моментот патува за Словенија.

Снежна лавина ги проголтала браќата и нивниот пријателот од Солин планинракај врвот Тоск. Останатите четворица планинари кои останале во домот преживеале.

Телата на загинатите беа пронајдени од словенечките и од хрватските спасувачки екипи. Браќата биле од Каштел Лукшиќ, едно од седумте населени места што го сочинуваат градот Каштела во Хрватска.

Преживеале четворица нивни сопатници. Еден од нив, 40-годишен келнер од Каштел Суќурац, успеал да се јави на своите блиски и да им каже дека е жив.

Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.

На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.

Планината Тоск се наоѓа на 2.275 метри надморска височина во Јулиските Алпи во Словенија.

Share This Article