Жена на возраст од 28 години завчера се обидела да ја убие бабата на сопругот. Ја притиснала со перница и ја удирала со тупаници сè додека не помислила дека жената (87) е мртва.
„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 2, во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 15 август, во домот на улицата Борис Бојаџиски, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека оштетената, родена 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и ѝ ставила перница врз главата со намера да ја задуши“, соопшти Јавното обвинителство.
Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата, се додава во соопштението.
„Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми“, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖