25-годишниот А.Х. од Скопје заработи кривична пријава од МВР бидејќи е под сомнение дека сторил кривично дело „компјутерска измама“, казниво по член 251-б од Кривичниот законик.
Како што соопштија од МВР, А.Х. во периодот од 4 април до 13 јуни 2025 година, како одговорно лице во фирма што организира музички настани, преку веб-страница овозможил електронска продажба на билети за концерт кој всушност никогаш не бил договорен ниту планиран. Не постоел никаков потпишан договор за одржување на концертот, но тоа не го спречило пријавениот да ги доведе купувачите во заблуда и да им ги продаде билетите за неекзистентен настан.
Дополнително, по откривањето на измамата, граѓаните не ги добиле назад парите, што според полицијата ја заокружува намерата на пријавениот да се стекне со противправна имотна корист.
Секторот за компјутерски криминал посочува дека продолжува интензивно да го мониторира интернет просторот и социјалните мрежи во насока на превенција и откривање на: повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење расистички и ксенофобични содржини, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖