Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Владата има средба со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, на социјалните медуми кусо напиша дека се разговара за актуелните случувања и дека одговорност, мудрост и чесност ѝ се повеќе од потребни на Македонија.
„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност ѝ се повеќе од потребни на Македонија“, напиша премиерот и лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Средбата Владата се одржува на иницијатива на Филипче. Тој најави дека на премиерот Мицкосики ќе му го образложи неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Пред средбата Филипче во изјава за медиумите рече дека очекува конструктивен дијалог.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
