Парламентарците треба да одлучат според своја волја, во интерес на државата и граѓаните, истакна на денешната прес конференција премерот Христијан Мицкоски во однос на интерпелацијата за членовите на Судскиот совет.
– Очекувам членовите на парламентот да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат во однос на интерпелацијата на членовите на Судскиот совет коишто се нивна ингеренција, односно нивниот избор е под ингеренции на самиот парламент. Постои основа за критичка дискусија и дебата, за доброто на државата и граѓаните пратениците треба да одлучат по сопствена волја. Мислам дека има многу основа за една критичка дискусија и дебата, а секој од парламентарците треба да си одлучува според своја волја и онака како мисли треба да одлучи а кое ќе биди добро за иднината на државата и на граѓаните, тоа е суштината – рече Мицкоски.