Топ Вести - Слушај сега
Mакедонија интензивно работи на проекти во енергетиката, чекори што ќе придонесат за развојот на вештачката интелигенција и за долгорочен развој на државата. Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски на средба со инвеститори во Давос.
Одговарајќи на прашањата која е стратегијата на Македонија за привлекување директни инвестиции, наспроти соседи како Хрватска и Словенија, Мицкоски одговори:
– Ги градиме преносните линии на електрина енергија, но и на гасни конектори со Грција и со Србија. Ќе го зголемиме капацитетот на гас до 8 милијарди кубни метри годишно. За вештачката интелигенција се потребни дата центри со одржливо снабдување со енергија. Ова е само еден пример. Како влада, го примаме целиот институционален ризик. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме како поттик на инвеститорите.
На снимката која ја сподели Мицкоски тој зборува за гасните контектори со Грција и со Србија како клучни проекти, заедно со изградбата на три големи брани.
– Зборуваме за три големи проекти вредни 2 милиајрди евра. Тие се стратешки важни не само за нас, туку за целиот регион. Тие ќе обезбедат резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви. И двата се дел од каскада која се потпира на Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдобро земјоделско земјиште во цела Европа. Тој регион е познат како Тиквешки регион – вели Мицкоски.
Tagged as:
Мицкоски во Давос објасни што ја прави Македонија привлечна за вложување
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
