Background

Мицкоски: Владата за четиригодишен мандат треба да врати 6 милјарди евра, долгови кои ги земала владата на СДСМ и ДУИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Владата за четиригодишен мандат треба да врати 6 милјарди евра, долгови кои ги земала владата на СДСМ и ДУИ. Само наредната година државата треба да врати долгови заедно со буџетскиот дефицит околу 2,2 милијарди евра. Но, криза нема да има, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме, изјави денеска премиерот  Христијан Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

– Каква е структурата: 700 милиони евра е еврообврзница, којашто владата на СДСМ и ДУИ ја има земено во 2022 година, на 4 години со каматна стапка 7,5% ефективна и таа треба да ја вратиме. Ќе се враќа со нова еврообврзница. Според првичните анализи, коишто ги имаме, ќе биде многу поповолна од таа што ја имаат земено, сега размислуваме само на купонот каков да биде. Буџетскиот дефицит планираме да го враќаме со хартии од вредност на домашниот пазар, и доспеваат други заеми, коишто владата на СДСМ и ДУИ ги имаат исто така подигнато во минатото. Со други зборови над 2 милијарди евра треба да се вратат – рече Мицкоски.

Тој додаде дека на актуелната Влада предизвиците нема да и престанат наредната година, туку продолжуваат во 2027 и 2028 година.

-Затоа што и 2027 година повторно треба да вратиме еврообврзница подигната од владата на СДСМ и ДУИ од 500 милиони евра, и тука не застануваме и 2028 година треба повторно да вратиме еврообврзница подигната од владата на СДСМ и ДУИ од 700 нови милиони евра. Тоа е отприлика периодот, којшто го имаме ние како Влада. Оваа година веќе вративме една еврообврзница од 500 милиони евра– рече Мицкоски.

Сепак, премиерот порача граѓаните и бизнисот да бидат спокојни и како што рече „исто како што нема мигранти, исто како што нема криза, така и средствата се обезбедени, ликвидноста е обезбедена“.

Тој потенцираше дека е важно што економските параметри се стабилни, одат во нагорна линија и се оптимистички  прогнозите за следната година, кога станува збор за македонската економија, инфлацијата се намалува, расте извозот.

– Сите оние макроекономски параметри, коишто за нас се важни одат во нагорна линија и ќе повторам граѓаните и бизнисот да бидат спокојни, работиме на уште една голема транша, помош за бизнисот, како таа што веќе ја поделивме. Со што Македонија, верувале или не, стана држава во Европа со најниска каматна стапка, којашто ја користи бизнисот споредено со сите држави во Европа. Токму поради тоа инвестициите во првите два квартали, односно во првата половина од оваа година се некаде помеѓу 13-15%, а да речеме во Европа во истиот тој период е 2,5 %. Кога опозицијата спомна дека недостасувале 60 милијарди денари во буџетот, веќе 30 милијарди влегоа во буџетот и ако на тоа се додадат сопствените приходи, тие 60 милјарди веќе се во оптек и во ликвидност во државата- рече Мицкоски.

Посочи дека вчера беше денот кога правните лица требаше да го платат ДДВ, и како што вели Мицкоски, сите бројки во декември се двоцифрено, над прогнозите.

-Очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation