Мицкоски вели дека во Обвинителството нема место за дворско-партиски забавувачи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ги коментира мерките што ги изрече кривичниот Суд против осомничените за увоз на мазут со сомнителен квалитет, потсетувајќи на степенот на доверба во судството.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Ресен, Мицкоски рече дека  треба да се почека да заврши истрагата за да може да ги коментира сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети.

– За мене се алармантни информациите што ги добивам, а што се поврзани со однесувањето на првиот човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата што ја спроведуваше Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност пред два дена. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму, ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во Обвинителството, туку во оние големи хациенди изградени во Западна Македонија. Доколку сакаат навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денеска ќе се кае, но тогаш се плашам дека ќе му биде доцна – рече Мицкоски.

Премиерот исто така рече дека очекува морална одговорност од петте члена на Судскиот Совет, на кои вчера им беше изгласана недоверба од страна на Собранието. Мицкоски,  очекува тие да ги напуштат позициите, затоа што, како што рече, немаат кредибилитет да бидат на тие места.

– Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места – изјави Мицкоски, кој денеска беше на поставувањето камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Во врска со изборот на нов јавен обивнител, премиерот додаде дека сѐ уште не се размислувало.

Share This Article