Мицкоски вели дека патриотизмот е патот кон светла иднина

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Патриотизмот не е некаква ретроградна идеја, туку е единствениот пат кон просперитетна иднина, изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на обраќањето на конференцијата CРАС во Будимпешта, најголем собир на конзервативни лидери во светот.

За Мицкоски постојат три клучни конзервативни вредности, Бог, татковината и семејството.

– Денеска на оваа престижна меѓународна платформа се собираме со чувство на одговорност, но не само како претставници на различни нации и држави, туку како носители на заеднички идеали, идеали кои ги одбележаа најсветлите моменти во историјата на човештвото. Доаѓам од држава која е во срцето на Балканот, со длабоки корени, но и со визија за иднината. Вековите нè научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности за кои не треба да се прават компромиси. Живеејќи во време кога лажните наративи се обидуваат да ги релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука да го докажеме спротивното. Првин, Бог. Бог, не како апстрактна идеја, туку како жив творец кој нè повикува на правда и на милосрдина. Во време кога христијанските вредности се напаѓаат ние сме повеќе од сигурни дека никогаш нема да се откажеме од духовноста, од наследството на светите браќа, рамноапостолите Кирил и Методиј од Македонија ја донесоа писменоста во целиот свет.

Премиерот истакна дека Македонија никогаш не се откажала од својот идентитет кој не е само географија, туку живо ткиво, татковина изградена од вредности и стремежи.

– Второ, татковината, не е само географски поим, таа била и ќе продолжи да биде живо ткиво создадено од историја, традиција и заеднички стремежи. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава. Таа се брани и се гради. Македонија, иако мала земја, никогаш не се откажалa од својот идентитет. Низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви. Денес, во духот на соработката длабоко ја цениме поддршката од нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија.

Мицкоски потоа го спомна традиционалното семејство, како една од основните клетки на општеството.

– Се присеќавам и на еден впечатлив говор на американскиот претседател, кој рече дека, основната потреба на нашето време е да имаме нации кои ќе ги бранат своите култури, граници и вредности. Ние, пак, застапниците на овие вредности, имаме обврска оваа идеја да ја прифатиме, афирмираме и да ја реализираме. И конечно, семејството, најсветата институција која ја создал Бог. Денес кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние пробуваме да ја заштитиме таа основна клетка на општеството. Многу добро знаеме дека секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејства. Да го заштитиме традиционалното семејство.

Мицкоски му заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан велејќи дека тој е редок лидер во Европа кој ги промовира политика на цврсти зборови како карпа, каде што зборот е збор. Мицкоски вели дека Орбан треба да биде поддржан, како и Трамп, кој, „е политичар кој води политика на раст и на враќање на надежта“.

При својата посета на Будимпешта Мицкоски оствари и средба со Орбан.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article