Background

Мицкоски вели дека излезе на површина стратегијата на Софија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната проевропска Влада на Бугарија.

Мицкоски ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање по отворање на комплексот „Македонско село“, за неговите очекувања од 24 јуни, за кога беше одложено гласањето на Предлог-извештајот за земјава во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

– Јас би бил најсреќниот човек доколку тој извештај се изгласа на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), потоа тој оди на седница во Европскиот парламент. Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, за кој од опозициската СДСМ или генерално од опозицијата се подготвени на слепо само да потпишуваат. Замислете кога би биле така непромислени и лековерни политичари, каде би бил крајот. Но ние ќе се бориме, ќе продолжиме да се бориме и дел од членовте на АФЕТ и европратенците ни даваат голема поддршка – нагласи Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот дополни дека за нас е доволно што конечно излегла на површина вистинската бугарска стратегија.

– За нас е доволно што конечно излезе на површина вистинската причина и стратегија, која доаѓа од нашиот источен сосед, а тоа е создавање на сегашна македонска нација, со сегашен македонски идентитет, кој го говори својот сегашен мајчин јазик, а кој почива на бугарски корени – изјави Мицкоски.

На предлог на известувачот Томас Вајц, АФЕТ на 4 јуни го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни, со образложение дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни – порача Вајц минатата недела.

Во врска со можноста за средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков, на маргините на Самитот на НАТО следната недела, Мицкоски денеска изјави дека доколку постои таква иницијатива секако дека треба да ја прифатиме, но оти таа треба да потекне од оној кој ја предложи самата средба на високи ниво, односно од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Мицкоски, како што информираше мината недела нема да присуствува на Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Сиљановска Давкова, а како што најавија од Софија наместо нивниот претседател Румен Радев на Самитот ќе присустува премиерот Росен Жељазков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation