Мицкоски: Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да го подобриме стандардот, не е лесно, тешко е, такви се времињата, но ќе се бориме да им олесниме на нашите сограѓани

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да го подобриме стандардот, не е лесно, тешко е, такви се времињата, но ќе се бориме да им олесниме на нашите сограѓани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инлацијата и мерките кои ги презема Владата.

Тој рече дека инфлацијата за јули во Македонија е на исто ниво како во земјите во регионот, од Словенија, Унгарија до Грција, од 4 до 5 отсто.

– И по последните состаноци со експертите на оваа тема заклучокот е во насока дека главен поттикнувач на инфлацијата се услугите. Анализиравме, во одредени сектори цените на услогите се зголемени за повеќе 20 проценти. Како Влада тука немаме манвераски простор да интервенираме. Ќе го правиме тоа што можеме, како сега, пред почетокот на учебната година, со ограничување на маржите за прибор и помагала за учениците, при што репер се цените од 1 јуни. Целта е да биде подносливо за семејиот буџет. Но, анализата покажува дека ад хок ограничивањето на маржите се прелева во месеците кои следат. Има и дилема, ако поставиме ограничување во континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна еконија, дали општеството се темели на пазарната и слободната економија – рече Мицкоски.

Но, додаде тој, тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени синџириланци маркети кои со скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.

– Комисијата за заштита на конкурентноста сериозно се занимава со ова. Ја зајакнавме кадровски и комисијата наскоро ќе изезе на терен. Овие скриени „маркетинг“ услуги кои дел од снабдувачите, призводителите и трговците ги поставуваат во маркетите за нивниот производ да стои на подобро место, ќе биде жестоко санкционирани – рече Мицкоски.

Втор начин за намалување на инлацијата, додаде премиерто, е да се направи обид за интервенција на цените за услигите.

– Ќе се обидеме. Не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата или транспортните компании со цените на нивните услуги, сè додека некој е подготвен да ги плати тие услуги, за жал, тие ќе се качуваат. И тука ќе има мерки – рече премиерот.

Во врска со растот на платите, Мицкоски најави дека тој ќе биде поврзан со растот на прдуктивноста.

– За примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во насока на зголемување на продуктивниста. Поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи. Да, тоа може да има за нас политички последици, ќе има незадоволни, но, подобро е тие последици ние да ги имаме сега, отколку на долг рок граѓаните да чувствуваат, би рекол, неконтролирана инфлација – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Според него, ова е поефикасен пристап кој ќе даде големи резултати на среден рок.

Share This Article