Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија, потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
– Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од прилика од 110-120 милиони евра во првата фаза, со отприлика 1.500 вработувања, кога ќе го достигнат полниот капацитет – посочи Мицкоски во одговор на прашање.
Македонскиот премиер Мицкоски истакна дека се преговара со уште десет странски инвеститори.
– Преговараме со уште десет – дел во енергетика, дел во индустрија на високи технологии, дел во автомобилска индустрија итн. Цениме дека тие ќе додат вредност во економијата на државата, подвлече премиерот Мицкоски денеска кој присуствуваше на промоција на 120 нови полициски возила во Министерството за внатрешни работи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖