Премиерот Христијан Мицкоски имал разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте со кого зборувале за актуелната несреќа што се случи во Македонија и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи.
Соговорниците испратиле пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан.
Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата, порачал Мицкоски.