Мицкоски предлага електронски попис

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување електронски попис.

Тој се осврна на вчерашниот одговор на пратеничко прашање и напомна дека електронскиот попис може да се направи врз основа вкрстување на десетина референтни бази на податоци и според насоките на ЕУРОСТАТ.

– Мојот предлог беше за да не се оспори правото на дијаспората, дајте ни една изборна единица и сите гласови во една изборна единица. Не можеме да ја развиваме државата врз основа на лажни податоци. Секоја влада треба да го прави развојот врз некакви податоци. А врз основа на што? Седнале двајца-тројца се договориле: пиши-бриши и завршиле работа. Се случувале чудни работи кои се темелеле на ништо, на ветер и магла. И сега од опозицијата ви кажуваат што требало да се прави. Тие ни оставија опашки кои ги решаваме чекор по чекор – рече премиерот.

Во врска со спроведувањето на електронски попис и влијанието врз намалувањето на бројот на советници на претстојните локални избори, Мицкоски рече дека станува збор за можност доколку се искаже сомнеж во бројот на населението.

– Тие што ја користеле таа методологија при пописот не требало да ја користат, иако нѐ убедуваа дека била европска, светска, ама испадна дека не е така – рече премиерот.

Тој појасни дека редовни пописи се организираат на почетокот од секоја декада, односно се очекува во 2031-2032 година, а за вонредниот попис, посочи дека доколку има политичка волја или сомнеж тој може да се организира брзо.

– Некој повторно се обидува да ги злоупотреби чувствата на граѓаните со политички пораки, а ова е техничка работа. И претходно како опозиција и сега како влада тоа го тврдиме – рече премиерот.

Тој оцени дека е добро што на претстојните избори се намалува бројот на советници, бидејќи како што кажа се намалуваат и трошоците.

Share This Article