Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за средбите на Светскиот економски форум во Давос, за најавите за инвестиции во енергетиката и во вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“.
– Постои можност дека ќе ги имаме, дури на маса го имаме и проектот „Бошков Мост“. Исто така тука треба да мобилизираме, како држава, тоа да е приватен капитал, а државата да си има дел од ова инвестициско портфолио. Во следниот период потребата од енергија во светот ќе се зголемува многу остро. Ќе ви дадам два едноставни примери. Во најбрзо растечката нација од аспект на популација и бизнис на афричкиот континент, Нигерија, само 5% од домаќинствата користат климатизација. Зборуваме за држава од 250 милиони луѓе. Само 13 до 17 отсто од јужноазиските држави, коишто се најгусто населени, користат еркондишн. Тоа е првиот столб на којшто во следните години ние мораме да обезбедиме ресурс. Ќе има потреба, едноставно ние мора да обезбедиме ресурс, значи производни капацитети што ќе произведат струја – истакна премиерот Мицкоски.
Додаде дека е јасна пораката дека развојот на човештвото оди во насока на вештачката интелигенција.
– Развиените и пазарите во развој имаат ниска стапка на фертилитет и единствен начин да се најде продуктивност и одржување и мало зголемување на економијата е таа работна сила којашто недостасува поради нискиот фертилитет да се замени со вештачката интелигенција. За да ги даде очекуваните резултати, таа вештачка интелигенција мора да добие знаење од супермоќни компјутери, составен дел на дата центри, коишто ќе ја хранат со искуство, со податоци, со анализи, за таа да може нешто да направи. За да работат тие, потребна им е струја – додаде Мицкоски.
Тој потенцираше дека 40.000 теравати нови инсталирани производни капацитети се потребни во следниве 10 години.
– Зборуваме за 10 години, една декада. Значи, ние ќе го доживееме тоа. Знаете ли колку се 40.000 теравати? Тоа е колку што денес Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија и Јапонија имаат заедно. Замислете ние како регион, Западен Балкан, да се обединиме и да понудиме инвестициски можности за дел од овие нови 40.000 теравати производни капацитети, само 0,01% да завршат тука. Тоа се 4 теравати. Значи од 40.000, тука да завршат 4 теравати. Тоа се 4 милиони мегавати. Ако еден мегават инсталиран капацитет чини од милион до два милиони евра, зборуваме за 4 трилиони евра во следниве 10 години инвестиции што треба да се случат во Западен Балкан. Сите заедно, сите земји во Западен Балкан кога ќе им ги соберете номиналните бруто домашни производи на Србија, на Босна, на Црна Гора, на Албанија, на Косово и на Македонија е нешто повеќе од 200 милијарди годишно. Ние зборуваме за 400 милијарди евра коишто ги имаме на маса, треба да ги донесеме – појасни Мицкоски.
На прашањето дали ние како регион ќе успееме тоа да го направиме Мицкоки истакна:
– Јас планирам да направам регионална иницијатива, така и ќе ја брендираме како „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“. А за сето ова да функционира ни требаат гасни интерконектори, ни требаат далеководи. Ова ќе се случи. Дали ние ќе го препознаеме како регион, зависи од нас. Но, ова ќе се случи бидејќи човештвото се движи во таа насока. Тоа се двата суштински столба на коишто ќе се темели иднината на земјата, на човештвото. Тоа се вештачката интелигенција и потребата од електрична енергија. Тоа се главните пораки од Давос. Ова е нешто што ќе биде драјвер во следните 20, 25, 30 години – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
