Топ Вести - Слушај сега
Детаљно сум запознаен со тоа што се случило во врска со адвокатот Тони Менкиноски и забраната за влез во Бугарија во следните 10 години и јавно го осудувам тоа што се случува, тоа е лоша порака, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Тоа е лоша порака и за самата Европска Унија. Очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи не е првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права. Тоа веќе го направи неколку пати досега, откако не ги примени пресудите на Судот за човековите права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата – рече Мицкоски.
Не зборуваме за човек што е криминалец, туку за чесен граѓанин, додаде премиерот.
– Единствен „грев“ му е тоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот во Стразбур и поради тоа доби црн печат. Ова е навистина бескурпулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија доколку ЕУ не излезе со осуда на ваквото однесување – рече премиерот Христијан Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
