Мицкоски најави жестока борба за да се усвои извештајот во Европскиот Парламент

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската и македонската јавност видоа дека со Бугарија не е е проблемот во тоа да се стават неколку стотини Бугари во Уставот, туку дека се работи за идентитетски прашања. Ова прашање сега ќе се покрене пред НАТО на Самитот во Хаг и на сите следни сесии во НАТО, дали некоја членка на Алијансата попречува друга земја членка во евроинтеграцијата и со тоа ја загрозува регионалната безбедност, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање за усвоениот извештај на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, на европратеникот Томас Вајц во кој се потврдуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а за кој бугарските европратеници вршеа опструкции со амандмани.

– Многу внимателно се однесувавме целиот овој период. Сега нема ништо да зборувам за тоа што се случуваше, но наскоро ќе зборувам многу поотворено, јасно и гласно. Беше жестока борба за да се надмине оваа пречка, која и не би требало да постои. Ако ги слушате пораките од политичари од Брисел, велат е дека идентитет и јазик никогаш не се предмет на разговори, дека тоа се бетонирани, затворени теми, но, видовме дека не е така. Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние сè уште се бориме за идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик итн – рече Мицкоски.

Добро е што ја поминавне оваа фаза со Комисијата за надворешни работи, додаде Мицкоски. За Извештајот, рече тој гласаа 49 пратеници, наспроти 19, со 10 воздржани. Извештајот се очекува да се најде напленарна седница на Европскиот Парламент помеѓу 7 и 11 јули.

Мицкоски очекуа да има амандмани и на пленарната седница.

– Да, ќе има амандмани и на пленарната седница. Но, сите водовме дека проблемот не е во неколку стотини Бугари во Уставот. Болката е подлабока, децениска, вековна. Видовме што се случува и која е главната тема. Ние ќе се бориме, не знаеме дали ќе успееме, но граѓаните видоа со што се соочуваме – рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали знаел дека Европската народна партија (ЕПП), чија членка е и ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесе амандмани за македнскиот јазик, премиерот одговори дека амандманите не ги поднела ЕПП, туку 4 пратенички групи во Европскиот Парламент – ЕПП, социјал демократите, либералите и зелените.

– Андреј Коваев е член на Европската народна партија, секако дека очекувавме амандмани. Гласањето беше 15 наспрема 3, со двајца воздржани, тоа беа грчките пратеници. 15 пратеници од ЕПП беа за усвојување на извештајот на Томас Вајц. Знаеме кој точно за што гласал, кој што преговарал и што се случуваше во изминативе недели. Добро е што ја поминавме оваа прва препрека и што сите видоа дека е подлабока суштината. Не знам дали ќе успееме да се усвои извештајот, но жестоко ќе се бориме. Светот виде во што е проблемот – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Share This Article