Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави отворање на рудник за антимот во кривопаланечко, кој ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнерство.
-Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал нешто што може да значи многу за нашата економија. Истрагите таму се при крај и очекувам тоа да биде почнато многу скоро. Рудата ќе се извезува во САД каде што ќе се топи во топилница во Оклахома, како што ме информираа инвеститорите – рече Мицкоски.
Тој посочи дека пред американските инвеститори ќе биде претставен и енергетскиот проект „Чебрен и Галиште“.
Премиерот рече дека во рамки на дијалогот ќе се разговара и за изградбата на дата центри во кои инвеститори ќе бидат американски компании на што веќе се работи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
